СЈО за „Империја“: Испрани се 11 милиони евра

1348

Од доказите со кои располагаме произлегува дека е сторена штета на Буџетот во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра, информира СЈО за најновата истрага „Империја“.

Оттаму ја потврдуваат информацијата за замрзнување на дел од имотот на фирмите „Орка холдинг“ и „Ексико“, како и за тоа дека судот донел решенија привремено да се запре одливот на пари од банкарските сметки на „Ексико“ ДООЕЛ Скопје и ДПТУУ „Тимох“ увоз извоз ДОО Скопје.

– Потсетуваме дека во наредниот период истрагата во случајот „Империја“ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела – велат од СЈО.

Од обвинителството ги демантираат информациите кои се појавија за незаконско приведување на дел од осомничените кои се во притвор посочувајќи дека тие се приведени врз основа на издадени наредби за приведување од судија на претходна постапка, а нивното изведување пред судијата е извршено откако беа завршени претресите кај истите врз основа на издадените наредби за претрес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...