СЈО влегла во општина Аеродром

742
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

Специјалното јавно обвинителство за потребите на предистражна постапка во текот на јуни побарала од општина Аеродром да достави документација за нивното работење.

Во текот на јуни, како што соопштија за МИА од Општината, Специјалното јавно обвинителство доставило писмено барање за доставување документација од Општината.

Во дадениот рок, од 20-тина дена, документацијата што била побарана од страна на СЈО, Општината ја доставила.

Бидејќи станува збор за предистражна постапка, и од Општината и од СЈО не соопштуваат за каква документација станува збор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...