СЈО бара осуда и конфискација на имот на Груевски, Димовски, Протуѓер

За изборите во 2011. таа побара конфискација на имот на Никола Груевски и Мартин Протуѓер во вредност од 34.908.777 денари што одговара на вредноста на незаконските средства прибрани за изборната кампања во таа година.

1343

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, во воведниот говор покрај осудителна пресуда истакна дека на крајот од судскиот процес бара и конфискација на имот на дел од обвинетите во случајот „Титаник“.

За изборите во 2011. таа побара конфискација на имот на Никола Груевски и Мартин Протуѓер во вредност од 34.908.777 денари што одговара на вредноста на незаконските средства прибрани за изборната кампања во таа година.

За изборите во 2013 година, Стефанова рече дека со обвинителниот акт се бара конфискација на имот во вредност од 41.435.100 денари од Никола Груевски, Илија Димовски и Леко Ристовски. Од истите тројца конфискација во висина од 62.732.874 Стефанова побара за изборите во 2014 година. Тоа се суми кои одговараат на незаконски прибраните средства за изборите кампањи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...