СЈО бара да му се продолжи куќниот притвор на Мијалков

232

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе предлог до судот да му биде продолжен куќниот притвор на осомничениот Сашо Мијалков за случајот „Империја“, кој му истекува утре, јавува „Макфакс“.

Апелациониот суд Скопје им го продолжи куќниот притвор во траење од 30 дена на осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Aко Мијалков и овој пат добие 30-дневен куќен притвор, неговите адвокати може да поднесат жалба до Врховниот суд по начленото правно мислење дека СЈО е неовластен тужител за истраги и обвиненија по законскиот рок од 30 јуни 2017 година.

Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за неколку кривични дела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...