Сѐ уште трае увидот на несреќата, обдукцијата на дел од загинатите завршила

Во тек е и идентификацијата на загинатите на чии тела е наредена обдукција и се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Скопје. Од Судска медицина за Плусинфо велат дека работеле до 4 часот утрово, обдукцијата на дел од загинатите завршила, а за останатите ќе биде направена денеска.

1922
Photo: EPA / Frosina Novakovic

Јавен обвинител од Скопје со екипа на МВР и вештаци од утрово е на местото на несреќата каде вчера излета и се преврте автобус полн со патници.

По синоќешниот увид на несреќата, местото цела ноќ беше обезбедувано, а од утрово увидот продолжи. Вчера од обвинителството најавија дека денеска треба да се извлекува и превтениот автобус. Освен првичните, оттаму засега не објавуваат други информации.

– Кога ќе заврши увидот, обвинителот ќе даде информација за јавноста – велат од обвинителството.

Во тек е и идентификацијата на загинатите на чии тела е наредена обдукција и се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Скопје. Од Судска медицина за Плусинфо велат дека работеле до 4 часот утрово, обдукцијата на дел од загинатите завршила, а за останатите ќе биде направена денеска.

Возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, земена му е првична изјава, а се прави и анализа на крвта и урината.

Билансот од несреќата е 14 мртви, повеќемина повредени од кои шест лица сѐ уште се во критична состојба.

Трагедијата се случи околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.

Photo: EPA / Frosina Novakovic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...