Сѐ уште активен пожарот кај Пинтија, ноќва ќе дежураат пожарникари

173

Пожарот во Пинтија сѐ уште е активен. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје доби помош и од воздух, активирани се и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште, изјави за МИА заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Тој информира дека ноќва на терен ќе има дежурни екипи на пожарникари, иако теренот е непристапен.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината. Во гаснењето е вклучено и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...