И Грците често се збунуваат. Со оглед на тоа дека голем број туристи летуваат во северна Грција тогаш треба да се има на ум дека тоа што е суфлаки на Халкидики, не е истото јадење и во Атина, односно во јужна Грција, пишува „Телеграф.рс“. Таму тоа е гиро.
Ако едно лето сте летувале на Халкидики, а веќе наредното на некој од Јонските острови, може да дојде до забуна, па така можно е да добиете погрешно јадење.
Имено, популарнити ражничи кои ги знаеме под името суфлаки, во Атина се нарекуваат каламаки. Да бидеме попрецизни – деминутивот суфлаки доаѓа од грчкиот збор σούβλα што значи ражнич, а καλαμάκι (значи и цевка) од зборот стапче.
Додека жителите на Солун се водат според логиката дека тоа е ражнич, атињаните го сметаат за месо на стапче па оттука и различните значења за ова јадење.
Но, што се случува кога ќе нарачате суфлаки во јужна Грција?
Ќе добиете гиро.
Атињаните гирото го нарекуваат суфлаки. Во северна Грција се вика гиро поради месото кое се врти во круг (γύρος – круг). На југот повторно имаат друга логика.
Поради тоа доколку се наоѓате во областа на северен Егеј или Солун и сакате да изедете суфлаки тогаш нарачајте го под истото име. На островите во јужна Грција или пак,во областа Атика околу Атина мора да го наречете каламаки.
Доколку сакате да јадете гиро тогаш со истото име треба да го нарачате во северна Грција, но на југот ќе мора да нарачате суфлаки за да добиете гиро.
Што се однесува до прилогот, ако сакате сè да ви стават во порачаниот оброк, на север тоа „сè“ подразбира: кечап, сенф, домат, кромид и помфрит, а на југ наместо кечап и сенф ќе добиете цаѕики салата.
Tara Tomović/Telegraf.rs
FOTO: pixabay.com