Суспендиран хигиеничарот кој нападна ученик во Битола

Ученикот А.С. роден 2003 година, по укажаната лекарска помош во одделението за максило-фацијална хирургија е пуштен на домашно лекување.

2104

Директорот на основното училиште „Коле Канински“ во Битола, Зоран Мирчевски, потврди дека го суспендирал работникот Ј.Т., служител-хигиеничар во тамошното училиште поради физички напад врз ученик од деветто одделение.

Јавно го осудуваме овој настан, а служителот е суспендиран, посочи Мирчевски.

– Физичкиот напад од служителот врз ученикот се случи викендов, во саботата, кога во училиштето се организираше наставен ден. Како образовна установа веднаш ги презедовме сите мерки, ја известивме полицијата и државниот просветен инспекторат, а повредениот ученик беше однесен во Клиничка болница-Битола на преглед. Очекуваме институционално расветлување на овој настан – рече Мирчевски.

Од СВР-Битола потврдуваат дека настанот се случил во објектот на училиштето и е регистриран по пријава на родителите на ученикот кој бил физички удрен од служителот кому веќе му е поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, додека пак од Клиничка болница-Битола информираа дека ученикот А.С. роден 2003 година, по укажаната лекарска помош во одделението за максило-фацијална хирургија е пуштен на домашно лекување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...