Суспендиран поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

2432

Судскиот совет на денешната затворена седница одлучи да го суспендира поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски.

Против него има и постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција, која сè уште не е завршена.

Против Панчевски, обвинителството поднесе и обвинение за местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица.

Како што е наведено во соопштението објавено  на веб – страницата на Судскиот совет, на денешната седница е донесена одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија, а  одлучувано и за одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на РСМ, во врска со извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Советот утврдил престанок на судиската функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово поради исполнување на услови за старосна пензија, а констатиран е престанок на функцијата судија-поротник на Основниот кривичен суд – Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, исто така поради исполнување на услови за старосна пензија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...