Сурија Рашиди: Премиерот уште еднаш покажа дека е немоќен пред ДУИ

806

Сурија Рашиди од Алијанса Албанци смета дека реконструкцијата е нормален потег на премиерот поради незадоволството на граѓаните. Но, рече најавената метла, не ги оправдала нивните очекувања.

Албанците, потенцира тој, веруваа дека премиерот одлучил да ги отстрани сите за кои имало сомневања за коруптивни и криминални дејства, но рече, тоа за жал не се случило. Премиерот, според него, уште еднаш покажал дека е немоќен пред ДУИ.

На ова реагираше пратеникот Ејуп Аљими, кој потенцира дека Рушиди и неговата партија се занимаваат со клевети. Албанското општество, рече, е многу свесно за кого гласа,  и тоа не може да го смените од оваа говорница и со помош на разни служби. Албанците, додаде, многу знаат како било пред и без ДУИ и како е со ДУИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...