Сулејман Реџепи останува поглавар на ИВЗ

285

Сулејман Реџепи ќе биде запишан како поглавар на ИВЗ во Регистарот за верски заедници, потврди судот.

Барањето за промена во регистарот упатено од Скендер Бузаку е одбиено порати тоа што тој не ја исполнувал старосната граница за да ја предводи Исламската верска заедница.

Бузаку има 39 години и побарал да биде запишан како поглавар, а потребни се 40 години.

Неизвесно е дали и покрај судските одлуки превирањата за превласт во ИВЗ ќе запрат. Неодамна Бузаку поднесе материјали до обвинителството, со кои тврди дека Реџепи сторил криминал од 700 илјади евра, а од ИВЗ најавија тужба за клевета.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...