Американската актерка Сузан Сарандон (73) на социјалната мрежа ги изненадила обожавателите споделувајќи фотографии од повредите што ѝ се случиле. Поточно, актерката претрпела тежок пад на собирот во Њу Хемпшир, според „Сан“.
Актерката се лизнала и го скршила носот. На новата фотографија, таа покажала виолетова модринка на левото око.
– Мало лизгање = потрес на мозокот, скршен нос, испакнато колено. Значи, изгледа дека нема да можам да ги сретнам луѓето од Њу Хемпшир со сенаторот Сандерс. Навистина ми е жал што ќе ја пропуштам оваа можност – започнала актерката во објавата на социјалната мрежа и продолжила за политичките теми.
Имено, активистката Сузан го поддржа сенаторот Берни Сандерс, но несреќата ја спречила повторно да учествува на митингот за поддршка.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин