Сузан Помпео доби ѓердан и обетки од охридски бисер

За државниот секретар на САД, Мајк Помпео, семејството Филеви изработи чибук во дрвена интарзија со охридски бисер и манжетни

948

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, заедно со сопругата Сузан при вчерашната посета на Охрид го посетија Музејот на Охридскиот бисер Филеви.

Високите гости се запозна со техниката, богатата музејска содржина, традицијата, историјата преку вештините на дел од изработката на овој редок занает тајна, заштитен бренд како посебен културен елемент на Охрид, јави Охрид њуз.

За државниот секретар Мајк Помпео, семејството Филеви изработи чибук во дрвена интарзија со охридски бисер и манжетни, а сопругата Сузан Помпео на подарок доби ѓердан со обетки од охридски бисер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...