Суеверните ритуали на креативните – од Салвадор Дали до Јоко Оно

Извадоци од книгата на Вајнштајн, која открива како креативците од Јоко Оно до Салвадор Дали наоѓаат заштита и инспирација во суеверието.

353

Многумина од нас тропнале на дрво, избегнувале да одат под скали или носат некаква амајлија. Овие ритуали се разбира се производ на суеверие: утешно верување дека ритуалот или објектот има моќ да донесе среќа, или да не одбрани од злото, пишува Елен Вајнштајн за artsy.net.

Како длабоко суеверна личност Вајнштајн започнала да истражува за да го открие суеверието кај некои од најзначајните поединци во историјата, особено уметници.

Нивната рутина се движи од неочекувано до ексцентрично. Манекенјката Хајди Клум, на пример, носи торбичка со нејзините бебешки заби. Романсиерката Мери Шели пишувала со боа околу вратот и ги толкува движењата на змијата како упатства дали тој ден да продолжи да пишува или не. И Фрида Кало открила дека подобро сликала ако била во градината.

Подолу споделуваме извадоци од книгата на Вајнштајн, која открива како креативците од Јоко Оно до Салвадор Дали наоѓаат заштита и инспирација во суеверието.


Коко Шанел
Среќен број 5
Француската креаторка на облека Коко Шанел (1883-1971) беше длабоко суеверна. Гатачка ѝ кажала дека 5 е нејзиниот среќен број и според тоа го именувала нејзиниот познат парфем. Во нејзиниот стан кристалните лустери се во форми испреплетени во бројот 5, а таа ги презентира своите колекции на петтиот ден од мај (петтиот месец од годината) за среќа.

Пабло Пикасо
Ја собирал својата „Суштина“
Шпанскиот уметник Пабло Пикасо (1881-1973) не сакаше да ја фрла својата стара облека, украси за коса или исечоци од нокти поради страв дека тоа би значело губење на дел од неговата „суштина“. Пикасо го собирал Пикасо и кога умрел имал во сопственост околу педесет илјади свои дела, од отпечатоци и цртежи до керамика и театарски сетови. Тој е славен како еден од најплодните и влијателни уметници од минатиот век.

Чарлс Дикенс

Спиел свртен кон север
Чарлс Дикенс (1812-1870) постојано носел навигациски компас со него и секогаш спиел свртен кон север- практика за која верувал дека ја подобрува неговата креативност и пишување.

Јоко Оно
палење ќибритчиња
Познатата мултимедијална уметничка и мировен активист Јоко Оно беше многу чувствителна на звук и светлина кога билае млада. Оно открила дека палењето ќибритчиња и гледањето во пламен во мрачна соба ѝ давало чувство на олеснување.


Дајан фон Ферстенберг
Златна монета
Модната дизајнерка, познатата Дајан фон Ферстенберг има златна монета од дваесет франци којаа татко ѝ ја скрил во чевел за време на Втората светска војна и што ѝ ја дал кога била девојка. Таа ја става за среќа во чевелот пред секоја модна ревија.

Фрида Кало
вљубена во градината
Мексиканската сликарка и икона Фрида Кало (1907-1954) се занимавала со растенија и сликарство како нејзина рутинска пракса. Сликите на Фрида Кало, често автобиографски, се полни со растенија и цвеќиња што таа саматаго одгледувала во градината на домот во кој живеела со уметникот Диего Ривера, познат како Каса Азул. Добро уредената градина на Кало било удобно место и инспирација за Кало. Нејзиното последно барање, кога се вратила дома од болницата пред да умре, било нејзиниот кревет да се премести за да може да ја гледа нејзината градина.

Д-р Сеус
Носеше шапка кога е блокиран
Авторот и илустратор Теодор Сиус Гејсел (1904-1991), попознат како д-р Сеус, чувал огромна колекција од речиси 300 шапки. Кога се соочувал со писателска блокада,одел до неговиот таен плакар каде што избирал шапка за носење додека не се почувствувал инспириран.

Салвадор Дали
Шпанско суво дрво исплакнато од морето
Шпанскиот надреалистички сликар Салвадор Дали (1904-1989) се сметаше себеси за многу суеверен и носел со себе едно парче шпанско дрво од плажа за да го одбрани од злите духови.

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...