Судскиот совет им даде една недела рок на претседателите на судовите да му достават број на стари нерешени предмети

430

Судски совет во допис до претседателите на судовите бара од нив во рок од една недела да му достават податоци за бројот на стари нерешени предмети и застарени случаи.

Во соопштението потпишано од претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, се наведува дека интерес на враќање на довербата на граѓаните во судската власт, согласно одредбите од членот 36 од Законот за Судскиот совет, Судскиот совет бара известување од претседателите на судовите:

– за бројот на стари нерешени предмети по години, видови и судии

– застарени кривични предмети со образложени причини за застарување и

– какви мерки се преземени од претседателот на судот за решавање на старите предмети согласно програмата и акцискиот план за спроведување на програмата

Погоре наведениет податоци, се вели во соопштението, до Судскиот совет треба да се достави до 27 декември годинава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...