Судскиот курир третпат ѕвонел кај Груевски – не го нашол дома

Решението на Груевски ќе му биде врачено в понеделник кога тој треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.

1767

Никола Груевски се уште не го примил решението на Кривичниот совет, откако судскиот курир вечерва и по третпат се обидел да го најде во неговиот дом, јави Нова ТВ.

Решението на Груевски ќе му биде врачено в понеделник кога тој треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.

Груевски треба да го започне издржувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на „мерцедесот“ од речиси 600.000 евра.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...