Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за исчезнати им биле вадени органи. Директорот на Институтот, Александар Станков, за Макфакс тврди дека се утврдуваат причините за смртта кај последните два случаи, 39-годишната скопјанка чие безживотно тело беше пронајдено во водите на Вардар, и 35-годишниот скопјанец кој беше пронајден мртов во бездна во Нерези.
– Сме немале случај на некое починато лице да му недостигаат органи. Ниту кај 39-годишната жена, ниту кај момчето. Кај жената е извршена обдукција, додека за момчето анализите се во тек – вели Станков.
–