Судската администрација во петок ќе протестира поради одлуките на Судскиот буџетски совет

236

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација за петок најавува протест во сите судови во државата со кој ќе го искаже незадоволството од одлуките на Судскиот буџетски совет што беа донесени во изминатите два месеца.

– Незадоволството на вработените во судовите кулминираше по одржување на последната седница на Судскиот буџетски совет (СБС) на 1.11.2019 година, на која не се донесе конечна одлука за реализација на договорената исплата на другиот дел на вработени учесници во штрајкот во 2016 година, иако средствата се обезбедени. Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, незадоволни што и натаму продолжува нееднаквиот третман на Судскиот буџетски совет како притоа да забораваат дека во судовите работат судската администрација, судската служба, помошно – техничкиот персонал, згора на се, СБС донесе одлука со нееднакви додатоци на плата за судиите и судската администрација, со изговори дека администрацијата во септември добила покачување во висина од пет проценти на плата, а од тие причини за септември и октомври додатоците на плата на судиите да бидат во висина од 10 проценти, велат од УПОЗ и Здружението на судска администрација.

Протестот ќе се одржи од 9.30 до 11 часот во сите судови во државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...