Судот ја замрзна палатата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не може да ја продава

876

По барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), судија на претходна постапка од Кривичниот суд донесе решение со кое привремено го замрзна имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кој и палатата што лидерот Христијан Мицкоски сакаше да ја продава или изнајмува.

„Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“, соопштија од СЈО.

Истрагата за „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година, а постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.

Во истрагата осомничени се 14 лица, а меѓу нив е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон.

Сашо Мијалков, во отвореното писмо до Христијан Мицкоски, пишуваше дека и Мицкоски како генерален секретар на партијата бил дел од предистражната постапка за „Талир“, па го прашуваше дали се испазарил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...