Судот уште денеска ќе има трпение за Груевски

По одбивањето, во петокот судскиот курир три пати се обидуваше да го пронајде Груевски дома, но не успеа. На врата го пречекала сопругата Боркица која рекла дека тој не е дома. Груевски денеска требаше да се појави во судот на рочиште за „Титаник“ и таму да го добие решението, меѓутоа тоа е одложено, наводно од претходно, бидејќи во исто време има судење и за „Монструм“, предмет во кој се истите судии како и во тој за изборните измами.

532
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Судот денеска ќе прави нов обид да му го достави решението на порнешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет.

Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.

Но, доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница. Тоа може да се случи уште утре.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.

По одбивањето, во петокот судскиот курир три пати се обидуваше да го пронајде Груевски дома, но не успеа. На врата го пречекала сопругата Боркица која рекла дека тој не е дома.

Груевски денеска требаше да се појави во судот на рочиште за „Титаник“ и таму да го добие решението, меѓутоа тоа е одложено, наводно од претходно, бидејќи во исто време има судење и за „Монструм“, предмет во кој се истите судии како и во тој за изборните измами.

Собранието на Република Македонија во петокот не му го одзеде пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...