Членот 3 од Законот за амнестија не е против Уставот, пресече уставниот суд откако адвокатот Сашо Дуковски поднесе иницијатива за утврдување на уставноста на законот.
Тој покрена иницијатива на делот со кој се уредува дека за одредени кривични дела, како што се убиство, педофилија, изборни измами… амнестијата не важи. Според тоа што тој го најави при поднесувањето на иницијативата, противуставно е тоа што сите граѓани, според овој закон, не се еднакви пред Уставот и законите.
Инаку, амнестијата се однесува на лицата кои делата ги сториле до 20 септември 2017 година.