Судот потврди: И Мијалков замина во куќен притвор

640

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот „Шутка“, каде од минатиот месец е во притвор како еден од осомничените во случајот „Империја“.

Постапувајѓи по предлог на Специјалното јавно обвинителство судијата на претходна постапка го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор за обвинетиот С.М. во случајот од Обвинителството означен како „Империја“, соопштија за МИА вечерва од Основниот суд Скопје 1.

Претходно денеска СЈО го достави предлогот за определување куќен притвор на Мијалков до Основниот суд Скопје1. Документите за Мијалков вчера беа вратени на доработка бидејќи биле некомплетни.

Тој излезе последен од притвор од вкупнот петмината на кои за овој случај им беше изречена оваа мерка.

За останатите осомничени и притворени за случајот „Империја“ – Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Цветан Панделевски, Апелацискиот суд Скопје претходно по даденото позитивно мислење од СЈО донесе одлуки со кои мерката притвор се заменува со куќен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...