Судијата на претходна постапка во Кривичниот суд, Седат Реџепаѓиќ, не им одреди притвор на тројцата осомничени во најновата истрага на СЈО „Поштенска банка“, како што бараше обвинителството.
Наместо тоа, на Коле Смилевски, (во истрагата осомничен како генерален директор на „Поштенска банка“ АД Скопје) му е одземен пасошот, а на Ратко Димитровски (во истрагата е осомничен како сопственик на печатницата „Европа 92“ Кочани) и Томе Главчев (во истрагата осомничен како сопственик на „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија) им е одредена мерка да се пријавуваат во судот во Кочани односно Гевгелија.
Против овие решенија странките имаат право на жалба, наведе вечерва Основниот суд Скопје 1.
Тие заедно со уште шест други лица (Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев) се осомничени за перење пари, а Главчев и Димитровски и за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Во истрагата само за делото злоупотреба на службена положба и овластувања биле опфатени и Љубчо Георгиевски во својство на премиер во 2001, Марјан Ѓорчев како вицепремиер, Никола Груевски како министер за финансии., но поради застареност тројцата куртулија од кривичен прогон.
Повеќе за новата истрага на СЈО можете да прочитате ТУКА.
Реакции за истрагата:
Георгиевски: Жал ми е што СЈО реши да ми го извалка името, со обвинените едно пиво се немам напиено
Груевски: Ако не ме спомене, СЈО не го чувствува предметот доволно атрактивен