Судот најде кој да го оценува обвинението за организаторите на 27 април

346
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека за 4 ноември e закажа седница за оценка на обвинението за организаторите на настаните од 27 април 2017 година.

Сега предметот ќе го оценува совет составен од судии од одделот за кривично полнолетни бидејќи за 8 од 9 судии во одделот за организиран криминал одбраната досега постојано бараше изземања на судиите кои ѝ беа одобрувани.

– Со цел да се спречат сите понатамошни одолговлекувања на постапката, предизвикани од странките во постапката, обвинителниот акт согласно АКМИС системот беше распределен на оценка кај совет од судии од одделот Кривично-полнолетни и за истото беше известен Судскиот совет на СРМ – велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Изземањето на 8-те судии од одделот за организиран криминал беше причина досега неколку пати да се одложува седницата за оценка на обвинение. Причината за ваквите барања на адвокатите беше тоа што истите судии претходно постапувале во оценка на други обвинителни акти поврзани со 27 април.

Со обвинението опфаени се поранешените министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, екссобранискиот спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Во овој случај осомничени се и експремиерот Никола Груевски и поранешниот разузнавач Никола Бошковски, но бидејќи тие се во бегство, постапката за нив ќе продолжи кога тие ќе бидат пронајдени.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...