Обвинителката Вилма Русковска за да не остави сомнеж дека Обвинителството сака да сокрие какви било докази рече дека се согласува да се изведат и доказите од УСБто на Зоран Милевски Кичеец, коишто претходно судот ги забрани за јавноста поради тоа што во три фајла имало приватни разговори помеѓу Боки и Кичеец.
По ова судечкиот совет се повлече за да одлучи дали ќе дозволи и новинарите да ги слушнат доказите од УСБ то на Кичеец. По кратка пауза судијката рече дека фајловите од материјалот од кој претходно беше исклучена јавноста сепак ќе бидат презентирани утре пред новинарите.
На претходното рочиште Јанева и Јовановски бараа да се обелоденат сите докази од УСБ то на Кичеец, а обвинетата обвинителка рече дека откако јавноста ќе ги види тие докази ќе дознае кој нудел поткуп, а кој правел рекет и кој манипулирал.