Судијката на американскиот Врховен суд Рут Бадер Гинсбург, летово се лечела од тумор на панкреас, објави денеска Врховниот суд на САД.
Гинсбург три недели била зрачена во онколошкиот институт во Њујорк.
– Добро реагирала на лечењето – изјавила потпаролката на Врховниот суд.
– Туморот е трајно уништен и нема траги на болеста во телото на 86-годишната судијка – прецизирала таа.
Најважната либерална судијка на Врховниот суд веќе е лечена од три карциноми во последните 20 години, на бели дробови, панкреас и дебело црево.
Американските демократи стравуваат дека во случај на заминување на Гинсбург, претседателот Доналд Трамп ќе го постави третиот конзервативен судија, кој би го потврдил Сенатот во кој републиканците го задржаа мнозинството. Врховниот суд има мнозинство од пет конзервативни судии.
Гинсбург во 1993 година во Врховниот суд ја именувал претседателот Бил Клинтон.
Нејзината популарност најчесто ја објаснуваат со пионерската борба за еманципација на жените во 1970-те, а се залагала за абортус и за хомосексуални бракови.
Амерканскиот Врховен суд ја контролира уставноста на законите и ги решава најтешките општествени прашања како смртната казна, хомосексуалните бракови, паравата на абортус, заштита на животната средина и изборните спорви.
Фото: EPA/JUSTIN LANE