Бојан Јовановски Боки 13 и денеска во судот на второто рочиште за „Рекет“ прво се пожали на својата здравствена состојба. Рече дека бил во болницата „8 Септември“ и дека имал интервенција.
Судијката рече дека има лекарски извештај и дека ако има потреба повторно ќе биде повикан лекар да го прегледа.
– Веќе да не зборуваме за вашата здравствена состојба и да се фокусираме на судењето – му рече судијката Васка Николовска Масевска.