Судијката Весна Димишкова утрово е повикана на распит пред обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“, дознаваме неофицијално од извори во истрагата.
Засега нема информации во какво својство е повикана судијката на распит во Обвинителсвото, но Димишкова беше спомената во снимка што ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“, летоска во разговор помеѓу осомничениот Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев.