Судијата Туфегџиќ побара обвинителите да скратат и да се забрза „Таргет-Тврдина“

204
Судијата Владимир Туфегџиќ им се обрати на обвинителите од СЈО дека треба да преземат нешто околу прашањата, односно да бидат поконцизни, а одговорите пократки, бидејќи, како што рече, судењето се одолговлекува, а во последните денови судот е изложен на критики поради некои судски постапки и конкретно оваа. Судијата потенцира дека членови на СЈО токму вчера и пред неколку дена реагирале на спороста во постапката на „Таргет-Тврдина“.
Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...