Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски, кој е под истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово, утринава бил на распит во Кривичниот суд. Според неофицијални информации, тој сам се пријавил и се повикал на судискиот имунитет, откако вчера беше недостапен за полицијата.
Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против осум лица за злоупотреба на службена положба и овластување. Теофиловски е осомничен дека кон крајот на август 2011 година, како претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација.
Осомничените се товарат за штета на буџетот од речиси 860 илјади евра.