Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, со презентација на докази обезбедени со посебни истражни мерки, на кое јавноста беше искучена.
Пред почетокот на рочиштето судијата Огнен Ставрев ги извести присутните дека ќе побара средба со министерката за правда Рената Дескоска, на која ќе бара информација за екстрадицијата на бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои со години се наоѓаат во Косово.
Случајот „Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде СЈО.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство и предметот беше вратен на повторно судење.