Политичката криза во Боливија ескалира откако безбедносните сили отворија оган кон приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес, при што загинаа најмалку пет лица, а повредени десетина.
Повеќето од загинатите и повредените во градот Сакаби се здобиле со прострелни рани, изјави директорот на болницата.
Демонстрантите и роднините на жртвите се собраа на местото на настанот, извикувајќи, „Граѓанска војна, сега!“.
Ево Моралес, на кого му беше даден азил во Мексико, откако поднесе оставка како претседател на Боливија, на Твитер напиша дека се случил масакр.
Демонстрантите соопштија дека полицијата пукала кога насобраните граѓани се обиделе да пробијат контролен пункт.
Фото: EPA/JORGE ABREGO