Денешното рочиште за случајот 27 април е одложено поради смртен случај на прв братучед, роднина на обвинителката Вилма Русковска. Судењето ќе продолжи утре со читање на пораки.
На рочиштето се појави обвинителката Гордана Смаќовска но таа ги извести судот дека не може денеска да ги чита докази односно пораките од причина што не е во тек со тоа кои докази до сега се изведени.
Од наредната недела, пак, судењето ќе продолжи со доказите на одбраната.
На 26 ноември прво ќе се сослушаат сведоците на Крсто Мукоски, а потоа доказите на останатите обвинети.