Судењето за поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски, повторно се одложи затоа што Апелацискиот суд во Скопје не донел одлука за жалбата на обвинетиот.
Имено, процесот против Панчевски се води во судот во Велес за да се избегне сомнеж за пристрасност во случај кога судењето би било во скопскиот суд. Меѓутоа, поранешниот прв човек на Кривичен поднесе барање за изземање на велешкиот суд како ненадлежен, кое му беше одбиено, а потоа тој поднесе жалба во Апелација. Бидејќи сѐ уште се чека одлука од второстепениот суд, денешното рочиште беше одложено.
Панчевски се товари дека како претседател на Кривичен рачно делел и местел предмети кај судии кој тој сметал дека треба да ги водат процесите.