Судењето за крвавиот четврток најрано идниот месец

305

Изминатата среда е примен последниот приговор од адвокатот на обвинетиот Никола Митровски Кољо за обвинението за крвавиот четврток, соопшти претседателот на Кривичниот суд во Скопје Иван Џолев на брифинг со новинарите.

Судијата Осман Шабани треба во рок од осум дена да закаже седница за оценка на обвинението кое го поднесе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Откако ќе помине оценката на обвинението според роковиите определни во Законот за кривична постапка, судот треба да го закаже првото рочиштe.

Нема пречки овој процес да се тера и во екот на судската ферија бидјеки станува збор за притворски предмет велат од Кривичниот суд.

Според сегашната динамика, тоа значи дека судењето може да се очекува да почне најрано на почетокот на јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...