Судењата за „Титаник“ ќе траат до 18 часот со паузи за доење

735

Судењето за предметот „Титаник“ на СЈО на кој се присутни сите обвинети ќе продолжи во 13 часот.

Судијата Осман Шабани даде пауза од еден час, заради како што рече, потребите на обвинетата Гордан Јанкулоска која е доилка и најави дека секое рочиште ќе се спроведува во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.

Откако почна денешното рочиште, судијата Шабани најави дека ќе се презентираат аудио материјалите односно „бомбите“ на што реагираа адвокатите од одбраната кои изнесоа низа тврдења дека се сомневаат во автентичноста на аудио материјалите, бидејќи како што кажаа иако барале немаат добиено записник за нивното примопредавање од страна на СДСМ во СЈО како ни доказ дека при промопредавањето покрај ЦД бил предаден и хард диск од кој, како што беше посоечно, биле симнати аудиоматерјалите кои денеска треба да се презентираат како докази.

За одбраната е спорно дали во СЈО има овластени луѓе да вршат преснимување на аудио материјалите добиени од незаконското следење на комуникациите, а како што кажаа и поднесокот што денеска беше доставен од СЈО со транскрипт на снимката од адуио материјалите не содржи ни наслов, ни кога е даден, ниту печат и потпис од добавувачот.

Одбраната и обвинетите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска изнесоа и повеќе други тврдења со кои, како што велат, им се кршат човековите права. Тие побарале од СЈО да им бидат доставени докази за прислушуваните материјали кои, како што кажаа, се уште не им се дадени.

Еден од бранителите на обвинетите кажа дека е прекршен и Законот за заштита на приватноста што е донесен на 10 ноември 2015 година со кој се предвидува до 30 ноември 2015 година да истече рокот во кој СДСМ треба да ги предаде материјалите од нелегално прислушуваните разговори на СЈО, а тие тоа како што посочи, тоа го направиле дури на 30 декември 2015 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...