Сугарески: Државниот градежен инпекторат ќе го испита случајот Матка

133

Доколку овластениот градежен инспектор од општина Сарај не постапил во случајот со Матка, тогаш градежен инспектор од Државниот градежен инспекторат на Република Северна Македонија ќе изврши увид во работата на овластениот градежен инспектор од општината и ќе го информира Министерството за транспорт и врски, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Шупли Камен, Кумановско, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги одземе ингеренциите на општина Сарај за случајот Матка.

– Ниту како човек, ниту како министер нема да прифатам дека институциите немаат надлежности, она што низ јавноста провејува  овие денови. Јасно побарав од Државниот градежен инпекторат, комплетно да ја испита работата, согласно неговите надлежности и се разбира тука е општината Сарај како најнадлежна. Меѓутoа во ситуација, доколку не постапува општина Сарај, Државниот градежен инспекторат согласно, Законот за градење ќе ги преземе сите надлежности – изјави министерот за транспорт.

Тој појасни дека доколку овластениот градежен инспектор од општина Сарај не постапува, тогаш државен инспектор од Државниот градежен инспекторат, се испраќа на самото место, при што тој  врши увид на работата, дали постапил или не инспекторот од Општината Сарај.

– Доколку не постапил со записник се известува Министерството за транспорт и врски, кое назначува градежен инспектор од Државниот градежен инспекторат кој постапува до извршување, така што работата тука е многу јасна – вели Сугарески.

Согласно надлежностите што сите ги имаат, прво и општината, ќе биде постапено согласно роковите кои што ги има Законот за градење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...