Дивоизградени згради надградбите на зградите, проширените тераси како и објекти кои се во заштитеното подрачје во охридскиот регион нема да можат да се легализираат. Сопствениците на дивоградбите кои ќе можат да се легализираат имаат рок од шест месеци да поднесат барање за легализација со потребните документи, а општините и институциите ќе треба да дадат оценка дали објектот може да се легализира. Дополнително сопствениците при легализацијата ќе треба да се платат комуналиите плус 50 отсто од износот на комуналии како казан за да можат да ја завршат легализираат.
Ова го предвидува Предлог-законот за легализација на дивоградбите за кој повеќе информации денеска даде министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Со овој закон, како што рече Сугарески, треба да се стави крај на незаконското градење во земјава но и да се заштитат интересите на граѓаните.
– Предвидено е да се легализираат објекти во сопственост на граѓаните, но и на општините и инстистуциите кои не се легализирани по предходниот закон. Со овој закон ќе можат да се легализираат гаражите и оставите, времени објекти за складирање во земјоделието … односно објекти изградени до 1 октомври 2019 година – информира Сугарески.
Тој појасни дека и со овој закон се овозможува легализација на дивоградби, но сопствениците веќе нема да плаќаат едно евро по квадрат како досега.
– За да ја легализира дивоградбата сопственикот ќе треба да го плати износот на комуналиите плус 50 отсто од тој износ за казна. Сето тоа се множи со квадратурата на објектот што треба да се легализира. Тоа ја дава висината која треба да ја плати сопственикот на дивоградбата – рече Сугарески.
За објектите кои се во заштитени подрачја, национални паркови покрај реки и езера покрај мислењето на општината во која се легализира објектот, мислење ќе треба да дадат и институциите кои управуваат со нив потоа Министерствата за култура, животна средина и други институции кои се грижат за културното и природното наследство.
– Легализацијата на објектите кои не се вклопуваат во урбанистичките планови ќе се врши со одлука на Советите на општините. Советите треба да одлучат дали дивоградбата ќе може да се вклопат во урбанистичките планови. Ако одлуката е негативна објектите нема да можат да се легализираат и ќе треба да се рушат – рече Сугарески.
Со законот, подвлече Сугарески, не можат да се легализираат дивоградбите изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Обединетите нации и за кои објекти во студиите за оцена на влијанијата врз животната средина и врз културното наследство, што се спроведуваат согласно препораката број 9 од Извештајот за реактивната мониторинг мисија од април 2017 година на Центарот на Светското наследство, е утврдено дека ќе ги загрозат Исклучителните универзални вредности.
Тој е дециден дека дивоградбите ќе се легализираат или ќе се рушат.
– Ги повикувам општините да ги комплетираат инспекциските служби и да го спроведуваат законот за градење за да нема нелегално градење во иднина. Овој закон предвидува и затворски казни за да се демотивираат граѓаните да градат нелегално , а и висната што треба да се плати за легализација на дивоградба е демотивирачка, бидејќи за легално градење се плаќаат само комуналии – рече Сугарески.
Рокот за легализација на дивоградбите е пет години.
Предлог-законот за легализација на дивоградбите помина на влада, и како што рече Сугарески, тој веќе може да е доставен до Собранието. Тој верува дека пратениците ќе го изгласаат, оти става крај на незаконското градење.