Сугарески во „СамоВистина“: Нашата цел е да направиме брзи, безбедни патишта

1295

Во следниот период ќе биде забележан сериозен раст на градежништвото, како резултат на силните инфраструктурни зафати што се одвиваат во земјата, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во денешното интервју во „Само вистина“ на Канал 5.

Сугарески зборуваше за изградбата и проблемите во проектот за автопатот Кичево-Охрид.

– Тој проект е лош во светски размери. На пример,  воопшто нема клучки во проектот. Значи не се поврзани населените места со автопатот и ние тоа треба да го исправиме – рече Сугарески.

Министерот рече дека покрај изградбата на автопатите и регионалните патишта, Министерството сака да им помогне и на општините за изградбата на локалните.

– Поднесовме иницијатива до Владата да отвориме кредитна линија преку која ќе им помогнеме на општините во изградбата на локалните патишта – рече тој.

Сугарески зборуваше и за гасификацијата и рече дека таа останува приоритет.

– Гасификацијата останува приоритет, а прашањата за заштита на животната средина ќе ги надминеме заедно со граѓанските организации – рече тој.

За нискобуџетните летови рече дека ќе биде распишан нов тендер со истекот на договорот на Визер.

– Ние како Влада се стремиме да ги насочиме нискобуџетните летови кон Охридскиот аеродром. Тоа е така секаде во светот – рече тој.

Министерот зборуваше и за изградбата и решавањето на проблемите со железницата и за повеќе други теми.

Погледнете го интервјуто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...