Во Македонија нема да се градат бегалски кампови дециден беше денеска mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој одгoвараше на новинарски прашања по средбата со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
– Значи мислам дека оваа тема уште во текот на локалните избори многу беше злоупотребена. Јас немам информации дека во Македонија некој планира да гради и уште еднаш ќе кажам дека не смееме да внесуваме некоја психоза или паника меѓу населението. Јас за таква работа нити знам, а и тогаш кажав и сега ќе кажам дека никакви кампови нема да се градат тука – вели Сугарески.