Суарез: Нејмар направи сè за да се врати во Барселона

266
Photo: EPA/Rodrigo Jimenez

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез изјави дека Нејмар направил сè што може за да се врати на „Камп Ноу“ ова лето. Двајцата одржуваат пријателска врска дури и по трансферот на Бразилецот во Пари Сен Жермен во 2017 година.

Како што е познато, Суарез, Нејмар и Лионел Меси имаат заеднички чат во „ВатсАп“.

– Да, комунициравме таму од време на време, но не толку многу во последно време. Почнавме малку почесто сега затоа што работите веќе се смирија. Беше тешко затоа што Нејмар минуваше низ тежок период, затоа сакавме да го почитуваме неговиот личен простор. Разговаравме со Нејмар кога тој на почетокот сакаше да ја напушти Барселона. Сите знаевме дека сака да си замине. Јас и Лео му рековме дека тука секогаш ќе освојува и тимски и индивидуални трофеи. Сепак, тој ја донесе својата одлука. Во тој момент, тој го одбра она што е најдобро за него. Сега неговата одлука беше да се обиде и да стори сé што може за да се врати – изјави Суарез за „Фокс спортс“.

Напаѓачот уште еднаш истакна дека има многу посебен однос со Меси на теренот, и дека новото засилување Антоан Гризман бил примен на најдобар можен начин од играчите на тимот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...