Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез е прогласен за најдобар играч во Шпанското фудбалско првенство за декември.
Уругваецот во последниот месец од минатата година постигна три гола и забележа шест асистенции на пет натпревари во Ла Лига.
Суарез не успеа да постигне гол само на дербито со Реал Мадрид.
Со добрите игри напаѓачот на Барселона продолжи и во новата година. Тој на натпреварот со Еспањол (2:2) пред два дена го постигна првиот гол за својот тим, а асистираше при вториот.
Во следното коло од Ла Лига, Барселона на 19 јануари ќе игра против Гранада на домашен терен.
ФОТО: EPA / Enric Fontcuberta