Медицинскиот штаб на шпанскиот гигант Барселона ја потврди повредата на напаѓачот Луис Суарез во десната нога.
Уругваецот ја напушти играта во 37-та минута при синоќешниот пораз од 0-1 од Атлетик (Билбао) и засега нема точен рок за негово враќање, иако не се очекува да игра околу еден месец.
Повредата доаѓа во време кога е повредена уште една голема sвезда на тимот, Лионел Меси, како и кога Барса се раздели со друг напаѓач – Филипе Кутињо.
Во нападот остануваат само Усман Дембеле и Антоан Гризман, со помош на младиот Карлос Перез.
Photo: EPA/Rodrigo Jimenez