Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, рече дека против Еспањол на негов терен е претешко да се игра со фудбалер помалку.
Барселона синоќа одигра само 2:2 со последно пласираниот на табелата во Шпанското фудбалско првенство, а вториот гол го прими, откако остана со играч помалку по исклучувањето на Де Јонг.
– Сакавме да победиме, но тешко е да ја достигнеме победата на еден ваков стадион. Постои чувство дека изгубивме два бода. Но, беше премногу тешко да се игра во малцинството со таков противник. Еспањол игра многу самоуверено на свој терен. Но, ова не е изговор за нас. Ние сме шампиони и секогаш сме должни да победуваме. Треба да се извлече поука од оваа средба за да ја подобриме играта на следните натпревари – нагласи Суарез.
Уругваецот беше стрелец на првиот гол, а асистираше при вториот погодок за неговиот тим што го постигна Видал.