Стјуард е тешко повреден во авион при турбуленции по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ синоќа околу 20 часот, соопшти МВР.
Скопјанецот В.К. (28), вработен во авиокомпанија како стјуард, се повредил околу 18.05 часот во авионот. Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при што В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.