Популарниот хрватски виолончелист Стјепан Хаусер често на социјалните мрежи сака да се претставува како голем заводник, а приликата за шармирање нa бројните обожавателки не ја пропуштил ниту за Денот на вљубените, па со фотографии на кои држи црвена ружа, посакал да честита Ден на вљубените.
„На сите мои девојки ширум светот им посакувам среќен Ден на вљубените“, напишал и им испратил бакнеж, но, изгледа дека премногу не размислувал за тоа дека ниедна жена не сака кога ѝ се дава до знаење дека е една од многуте.
Неговите бројни обожавателки различно реагирале на оваа објава. Некои му се заблагодариле и му возвратиле на честитката, а некои се запрашале колку девојки има славниот виолончелист.
За кого е розата од фотографијата наменета, музичарот не открил.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин