Студент со години јадел чипс, помфрит и бел леб, па ослепел!

Последицата од оваа исхрана е недостаток на витамини, кои за жал, довеле до многу полош исход.

610

Деветнаесетгодишен студент од Бристол, Англија, ослепи откако со години јадел само чипс, помфрит и бел леб.

Последицата од оваа исхрана е недостаток на витамини, кои за жал, довеле до многу полош исход.

Инаку, студентот првпат отишол на лекар кога имал 14 години, и тоа поради замор кој бил поврзан со недостатокот на витамин Б12, а по средното училиште почнал да јаде само чипсови, прежени компири и бел леб. Порано јадел колбаси или шунка, а признал и дека никогаш не консумирал овошје и зеленчук. Ова на крајот оставило последици по неговото здравје, па на 17-годишна возраст ослепел и одлучил да побара помош.

Нa неименуваниот студент, кој морал да се откаже од студиите на факултетот за информатичка технологија, му недостасувале неколку клучни витамини, вклучувајќи ги витаминот Б12, бакар и витаминот Д.

Адолесцентот со години не ги добивал потребните хранливи материи. Неговиот лекар вели дека има трајно оштетување на оптичкиот нерв и добил одредени витамини кои мора да ги земе, а мора и да внимава и на неговата исхрана и да внесува доволно месо, овошје и зеленчук.

Нутритивната оптичка невропатија – дијагнозата која ја има момчето – може да се лекува, ако се открие рано. Ако се реагира премногу доцна, пак, нервните влакна во очниот нерв изумират и оштетувањето станува трајна.

За среќа, ваквите случаи не се чести, но родителите би требало да бидат свесни за потенцијалните штети што може да бидат предизвикани од прекумерно внесување храна која нема никакви хранливи материи, односно витамини и минерали.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...