Студент се отрул за време на игра со мешање алкохол во Британија

207
ФОТО: Метро / Esher Rugby Club/GoFund Me)

Студент се отрул од алкохол на церемонија за прифаќање на рагби играчи, пренесува „Метро“.

Деветнаесетгодишниот Самуел Потер е пронајден мртов во куќа во Глостер на 9. мај. Неговото семејство тврдеше дека тој играл игра со пиење алкохол која завршила многу лошо.

Во куќата присуствувале повеќе рагби играчи и пиеле алкохол измешан од студенти од трета и четврта година.

– Сакаме да дознаеме што се случило, за да спречиме да се повтори во иднина – вели мајката, Линдзи Потер.

ФОТО: Метро / Esher Rugby Club/GoFund Me

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...