Студент на хемија со месеци го труел цимерот во САД (ВИДЕО)

392
ФОТО: Принтскрин / Курир.рс

Студент на хемија од Кина е обвинет дека се обидувал да го отруе цимерот од Африка, со кој живеел во заедничка соба во Пенсилванија.

Џуан Ројал ниту еднаш не се посомневал дека Јукај Јанг се обидува да го убие, пренесува „Курир.рс“.

Јанг бил уапсен поради тоа што ги труел храната и пијалокот на Ројал со месеци, а оштетениот се уште имал последици.

Обвинетиот признал дека ги купил хемикалиите, но тврдел дека биле за негова лична употреба. Тој бил обвинет и поради расистички графити во нивната соба во домот.

Ројал неколку пати барал лекарска помош поради мачнини, вртоглавици, паѓање во несвест и повраќање. Анализата покажала дека тој во крвта има талиум, кој наводно неговиот цимер му го ставал во млекото и течноста за миење на устата.

Јанг рекол дека ги купил талиумот и другите хемикалии со намера да изврши самоубиство ако не помине на претстојните испити.

– Ројал беше во огромни болки во пределот на долните екстремитети, имал и силни опекотини, па завршил на интензивна нега – рекол обвинителот.

Посебна тежина на злосторството, според него, има и тоа што труењето било континуирано и подолг временски период, а жртвата и ден денес ги трпи последиците.

Ројал верувал дека се пријатели, бидејќи биле цимери повеќе години.

Талиумот нема мирис и вкус и може да биде кобен. Во минатото се користел за труење на стаорци.

ФОТО: Принтскрин / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...