Студентски митинг против лажните вести и медиумскиот хаос

167

На платото на УКИМ денеска во 11 часот ќе се одржи студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“ во рамки на одбележување на европската недела на медиумска писменост.

Настанот е во рамките на проектот „Не биди медиумска мета“ во имплементација на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), кој е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии, а финансиран од Европската Унија.

На овој настан ќе говорат студентите. Пораките ќе бидат: „не биди мета“, „јас имам свој идентитет“, „доста со дезинформации“, „доста со манипулации“, „јас не сум вмрежен“, „студентите се авангарда“,……

Тие ќе испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видео игрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во Република Македонија.

Митингот е со цел да испрати порака до релевантните инстанции во државата забрзано да се имплементира концептот медиумската и дигиталната писменост во конвенционалното образование.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...